Search

(Фото) Престрелка со „калашникови“кај Чаирчанка

Четворица вооружени со „калашникови“ и пиштоли учествувале во престрелката која се случила околу 15 часот во близина на ТЦ„Чаирчанка“, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, двајцата со автоматски пушки биле од едната, а пиштолџиите од друга страна. Вистнка среќа е што не настрадале минувачи кои поминувале во близина. По престрелката се разбегале, а на местото дошла полиција и возила на Итна помош. Сообраќајот бил времено прекинат, а улицата блокирана.

Од МВР го потврдија инцидентот, но според полицијата, нема пријавено повредени лица.

-На 20.11.2020 во 14.55 пријавено е пукање од огнено оружје на улицата Цветан Димов пред продавница за автоделови. До сега нема пријавено повредени лица. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави