Search

Д-р Даниловски: Мора да има викенд мерки, со ова темпо за три месеци ќе има колективен имунитет

Поранешниот македонски министер за здравство, епидемиологот и универзитетски професор Драган Даниловски смета дека ако пандемијата предизвикана од коронавирусот продолжи да се шири со ова темпо за три месеци во земјава ќе има колективен имунитет. Тој смета дека здравствениот систем не смее да застане со лекувањето и превенирањето на другите болни.

Со воведувањето на кризната состојба според Даниловски само ќе купиме време за да обезбедиме капацитети за болните, за да ја ставиме епидемиолошката крива под контрола и да го намалиме бројот на заразени неопходни се поригорозни мерки, посочи Даниловски за Канал 5.

Тој смета дека мора да има викенд мерки, а оценува и дека е добро што се вклучија приватните здравствени установи.

Треба да знаете
Последни објави