Search

Мајкл Б. Џордан, најсекси маж на годината, се појави маскиран во ток-шоу

Актерот Мајкл Б. Џордан во вторникот беше прогласен за најсекси маж на светот за 2020 година, според магазинот „Пипл“, само неколку часа пред да се појави целосно маскиран во популарното ток-шоуа „Џими Кимел лајф“.

33-годишниот актер на себе имаше жолто хазмат одело, и везир на лице, и беше насмеан додека го придружуваше Џими (55) во ток-шоуто на „Еј-би-си“ по големото откритие.

Тој го смени својот глас додека одговараше со „да“ или „не“ на прашања поставени од публика од далечина.

Еден гледач од Бруклин го праша дали е актер, и тој одговори „да“, а рече „не“ на прашањето дали глуми одмаздник во филмови.

Жена од Лас Вегас праша дали е оженет и тој одговори „не“, а исто така одговори „не“ на прашањето дали има славни браќа и сестри или родители.

Друга гледачка од Салт Лејк Сити праша дали некогаш бил во романттична врска со Тејлор Свифт, и тој одговори „Тоа е прилично специфично, но сепак, не“.

И по многуте прашања, една од гледачките конечно погоди кој е: Дали е тоа Мајкл Б. Џордан ?

„Дали си Мајкл Б. Џордан?“ го праша Џими. „Да, јас сум,“ потврди Мајкл.

Мајкл и Џими потоа разговараа за новата титула, и Мајкл откри дека тој тукушто ја дознал веста од неговиот публицист, но додаде дека оваа титула на пријателите им дала нова муниција за да го задеваат.

Мајкл ја презема титулата „Најсекси маж 2020“ која последен пат беше доделена во ноември 2019 година на пејачот Џон Леџенд (41).

Најновото издание на „Пипл“, со фотографија на Мајкл на својата насловна страница, треба да излезе во петок.

Треба да знаете
Последни објави