Search

Загина возач, друг тешко повреден во судир кај Македонска Каменица

Возач загинал во судир на два автомобили вчера на регионалниот пат Делчево- Македонска Каменица, информираше МВР.

Сообраќајната несреќа се случила околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма, при директен судар на автомобили „цитроен“, управуван од Љ.Т.(49) и „волво“, што го управувал П.С.(52), двајцата од Македонска Каменица

Во незгодата, П.С. се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобил и Љ.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.

Според информации на полицијата, синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај месноста Боришјето,  каде што возило излетало од патот.

Треба да знаете
Последни објави