Search

Јеремиќ: Бугарското вето за Македонија е трагична порака за регионот

Претседателот на Народната странка на Србија, Вук Јеремиќ кој е и поранешен министер за надворешни работи на северниот сосед и претседател на Генералното собрание на ОН изјави денеска дека бугарското вето на патот на Македонија кон Европската Унија (ЕУ) е „скандалозно“ и би можело да има последици врз европските интеграции на целиот регион. Тој ја повика ЕУ да ја поддржи Македонија во овој процес.

– Северна Македонија заради ветувањата за европска иднина, на инсистирање на Грција, со согласи дури и да го промени името на државата, а сега Бугарија ѝ бара да се понижи така што ќе се согласи со тврдењето дека неа треба да и се заблагодари за својот јазик и култура. Тоа е драматична порака која би можела во голема мера да ја релативизира европската мантра за добрососедски односи, рече Јеремиќ на сесијата на Варшавскиот безбедносен форум „Стратешки ривалитет? ЕУ, Русија и Кина на Западниот Балкан“.

-Сега противниците на европскиот пат на Србија би можеле да кажат „погледнете што им се случи на Македониците, кои поради Грција го сменија името на државата, за потоа да ги дочека уште потешко барање од Бугарија,така ќе ни се случи и нам ако заради ЕУ попуштиме на Косово и Метохија – ќе ни испорачаат нови барања во врска со Босна и Херцеговина, додаде Јеремиќ и напомена дека Србија е „заглавена на патот кон ЕУ“ и дека тука нема да има поместување напред додека е на власт Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија.

 

Треба да знаете
Последни објави