Search

Шпанија ја товари Германија со половина дузина голови

Шпанија обезбеди настап на Ф4 турнирот во  фудбалската Лига на нации откако вечерва ја  декласираше Германија со 6:0. Ова е најтешкиот проаз за Германија во последните 90 години (претходно црн рекорд беше поразот од 6-0 од Австрија во 1931 година). Натпреаврот кој  одлучуваше кому ќе му припадне првото место на групата „црвената фурија“ го модигра беспрекорно. Ја наполни мрежата на „панцерите“ со половина дузина голови и си обезбеди настап на завршниот турнир каде ќе се разигрува за победникот во второто издание од Лига на нации.

Алваро Мората го отвори резултатот во 17. минута, напаѓачот го натскока Гнабри по еден корнер од десната страна и погоди за 1-0. Во 33. минута, по една убава акција, Олмо ја затресе пречката а Торес ја смести одбиената топка во мрежата за 2-0. Пет минути подоцна, Родри добро се снајде по корнер од левата страна и со глава го матираше Нојер за 3-0. По десетина минути игра во второто полувреме беше најавена катастрофа, Шпанија преку Феран Торес зголеми на 4-0. Во 71. минута следуваше нова брза акција а Феран Торес од врвот на шеснаесетникот третпат се запиша во листат на стрелците за водство од 5-0. Во последните мигови од мечот, Ојарзабал стави точка и ги постави конечните 6-0.

Франција рутински славеше над Шведска со 4-2, иако гостите први дојдоа во водство на овој меч. Жиру набрзо погоди за израмнување, Павар беше прецизен и „триколорите“ поведоа пред крајот на полувремето, а на 3-1 зголеми Жиру на асистенција на Мбапе. Шведска намали на 3-2, потоа во 93. минута и гостинскиот голман тргна во противничкиот шеснаесетник при еден слободен удар, но Коман го казни тоа и ги постави конечните 4-2.

Хрватска и покрај поразот од Португалија од 2-3 остана на третото место во групата, спасувајќи се од испаѓање од елитното друштво во Лигата на Нации. Голманот Ливаковиќ беше трагичар на вечерашниот натпревар, откако во самиот финиш по еден корнер од десната страна ја фати топката, но потоа се удри од Ловрен, топката му испадна, по што Дијаз ја смести во мрежата. Дефанзивецот Рубен Дијаз постигна два гола за Португалија, еднаш стрелец беше Жоао Феликс, додека двата погодоци за Хрватска беа дело на Ковачиќ.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Украина не се одигра откако УЕФА реши да го одложи по новите случаи на коронавирус во украинскиот состав.

Треба да знаете
Последни објави