Search

ТФТ го растури Кожув

Кошаркарите на ТФТ како домаќини забележаа убедлива победа против Кожув од 83-62 во рамки на првиот натпревар од 5.коло во Првата лига. Тимот од скопската населба Тафталиџе одигра ефиксана втора четвртина во која за 10 минути постигна дури 36 поени, и на пауза замина  со предност од 21 кош. Во третата четвртина гостите за момент се вратија и резултатски се доближија  62-54, но не за долго, бидејќи домаќинот повторно зеде се под свое и славеше со 83-62.

Во таборот на ТФТ најефикасни беа Американците, Амир Смит, Лахлан Андерсон и Тајрон Херис, кои постигнаа по 23 поени. Интересно е тоа што во статистиката се запишаа само уште двајца кошаркари, Андреј Митревски постигна 11, додека Иван Сапунџиев имаше три поени. Антоан Максвел со 17 поени беше најдобар кај Кожув.

Треба да знаете
Последни објави