Search

Забрчанец: Да останеме посветени на демократијата, никој да не се осмели да ги гази граѓанските права

Пред шест години, на денешен ден (17 ноември, 2014), студентите одржаа голем протест против лошите реформи во образованието. Една од најсподелуваните фотографии на социјалните мрежи од масовните студентски протести беше на авторот Марјан Забрчанец, кој своевремено бил раководител во Младински образовен форум и активист за човекови права.

Toј за Цивилмедиа го изјави следново:

„Тоа се оние денови кога целата македонска демократска јавност им се радуваше и им даваше поддршка на студентите организирани во студентски пленуми. Се најдов во вистински момент на локација од која јас и неколку фото репортери имавме импресивен поглед. Фотографирав со телефонот, постирав на Фејсбук и Инстаграм и за неколку минути апликациите пријавуваа илјадници нотификации, споделувања, допаѓања.

Оваа фотографија остана да биде визуелен приказ за силата која даде силен придонес кон падот на авторитарниот режим на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Нека биде поттик и за иднината, да останеме секогаш посветени на демократскиот пат и никогаш никој да не се осмели да гази врз граѓанските права“, изјави Забрчанец.

Треба да знаете
Последни објави