Search

„Тико“ излетало од пат, загина кратовчанка

На 15.11.2020 околу 15.30 часот во с.Железница,кратовско на пат од с.Туралево кон Кратово патничко моторно возило „тико” со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починала сопатничката П.К.(72) од Кратово, а Љ.К. и сопатничката С.К.(48) од Кратово се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.

Треба да знаете
Последни објави