Search

Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис ја прекинаа свршувачката

Актерскиот пар Оливија Вајлд и Џејсон Судеикис се разделија по девет години заеднички живот.

Оливија и Џејсон, кои заедно имаат две деца – синот Отис Александар (6) и ќерката Дејзи Џозефин (4) – беа верени седум години, но наводно ја завршиле својата врска уште пред извесно време.

„Разделбата се случи на почетокот на годината. Беше пријателска и тие продолжија со заедничко старателство над нивните деца. Децата се приоритет и срцето на семејната врска,“ извор близок до парот изјави за магазинот „Пипл“.

Џејсон (45) и Оливија (36) започнаа врска во 2011 година и се верија следната година.

Треба да знаете
Последни објави