Search

Подготвено ново барање за екстрадиција на Груевски од Унгарија

Од Министерството за правда најавуваат дека е подготвено ново барање за екстрадиција на Груевски иако претходните беа отфрлени, објави Алат-М.

„Министерството за правда ги прави сите можни напори лицата кои не се достапни пред правосудните органи да бидат екстрадирани. Наше право и обврска е да ги изнесеме сите нови околности во барањата за екстрадиција и да ги опфатиме сите дела кои во моментот се познати за некој сторител“, наведуваат од Министерството за правда.

Како нова околност во барањето за екстрадиција може да се наведе новата затворска казна на Груевски.

Додека Груевски е во Унгарија, Кривичниот суд донесе уште една пресуда во случај кој е обвинет. Доплонителен затвор од една и пол година кривичен му одредени на Груевски за нарачаното насилство во Општина Центар.

Груевски го избегна  обвинението за поткуп при изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, затоа што неговото дело во  случајот „Траекторија“ застари. Тој беше обвинет  за примање награда за противзаконито влијание. Против Груевски има уште три процеси во кои му се суди во отсуство. За изборните нерегуларности „Титаник“, уривањето на објектот „Космос“ и во случајот „Талир“ за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави