Search

Заев: Владата даде патоказ и притоа кажуваме дека најмалку еден ребаланс ќе има и тоа ако заврши кризата април месец

Заев: Со Македонија 2020/25 имаме една одлична понуда за економска стратегија од многу аспекти за кој што вечерва зборувавме, ја прифативме нормално помошта ни треба, ние не сме таму што сме најпаметни, најискусни или што многу знаеме, ни треба помошта еве преку овој буџет може да се види дека Владата даде патоказ и притоа кажуваме дека најмалку еден ребаланс ќе има и тоа ако заврши кризата април месец, ќе има се надеваме дека ќе биде позитивен, испративме охрабрувачки пораки преку буџетот, сакаме да ги мотивираме и стопанствениците и граѓаните да бидат оптимисти заради тоа што животот мора да продолжи вака како што во овој силен бран, мора да живееме, мора да работиме, да трошиме, образованието да продолжи, детската заштита сето она што е наше секојдневие, јас верувам дека прво пораката дека има државата, тука е и постои да им се најде на сите на коишто им треба е јасна и недвосмислена, второ има држава која што слуша и подготвена да биде флексибилна, мислам на оние што добиле чест и одговорност да управуваат со јавните финансии, а тоа е сега Владата сме максимално флексибилни и има искуство внатре, верувам дека сите институции ќе бидат максимално одговорни затоа што 47% е нашата продуктивност во споредба со Европа, тоа повеќе од 50% не работиме колку што истите ние одиме во Швајцарија или Германија да работиме, значи дома мора да работите, прво е администрацијата а после тоа сите, имаме мегдан пред нас, навистина кинеската поговорка што вика Секоја грижа е можност, е и можност дај да ја искористиме таа можност кон подобро со се, политичарите доаѓаат и заминуваат, државата е на сите и треба да влеземе сите со своите капацитети, ние со политичките, експертите со експертските, коморите со нивното практично искуство, работниците и синдикатите со своето, мора да ја дигнеме државата на едно економско повисоко ниво
Треба да знаете
Последни објави