Search

Судири во Вашингтон меѓу приврзаниците на Бајден и Трамп

Судирите меѓу приврзаниците и противниците на Доналд Трамп избија на протестот „Марш на милиони“ во Вашингтон, а полицијата ги разделува конфликтните страни.

Приврзаниците на Доналд Трамп се собраа во Вашингтон пред Врховниот суд на САД за да изразат поддршка на претседателот, кој тврди дека имало нерегуларности на претседателските избори.

Сепак, противниците на Трамп облечени во црно прво вербално се судрија со неговите приврзаници, а потоа започнаа турканици.

Фановите на Трамп денеска се собраа на маршот „Марш на милионите- Да ја направиме Америка повторно голема (MillionMAGAMarch) кој заврши на плоштадот во Вашингтон. За време на маршот поминува караванот на претседателот што предизвика делириум меѓу демонстрантите.

Според Њујорк тајм, на плоштадот има место за 13.000 луѓе, но се собрале 300.000 подржувачи на Трамп.

Треба да знаете
Последни објави