Search

Пешевски го доби македонскиот дуел во Бундеслигата

Македонскиот дуел во ракометната Бундеслига меѓу Штутгарт и Хановер им припадна на домаќините (31:26), со што Жарко Пешевски го доби дуелот со Филип Кузмановски.

Штутгарт им се врати на победите во германското првенство, откако стигна до 15:9 на полувреме и на тој начин го најави освојувањето на нови бодови.
Пешевски постигнал еден гол, додека Кузмановски не упатил ниту еден удар кон голманите на Штутгарт, по што домашниот стигна до петтата победа сезона и привремено втората позиција на табелата.

Пораз забележа и Лудвигсхафен на Мартин Томовски, а нашиот репрезентативен голман имал 3 одбрани со процент на успешност од 27,2%.

Лудвигсхафен врза нови два пораза во серија и останува на само три бодови од осум одиграни натпревари.

Треба да знаете
Последни објави