Search

Канте стрелец против Португалија, Франција покажа дека светскиот првак е појак од европскиот

Дербито на ова коло се играше на „Луж“ во Лисабон. Eвропскиот првак Португалија, предводена од Кристијано Роналдо го пречека светскиот шампион, Франција и воедно доживеа минимален пораз од 1-0.

И без Килијан Мбапе, Франција успеа да победи на гостувањето кај Португалија, во мечот кој директно решаваше за тоа која селекција ќе ја освои првата позиција во групата од Лигата на нации. Французите со тоа обезбедија пласман на завршниот турнир од Лигата на нации што ќе се одржи од 6 до 10 октомври идната година, а на кој нема да игра Португалија, како бранител на трофејот.

Нголо Канте во 54 минута погоди по ударот на Рабио, што на крајот се покажа како доволно за триумф на Галските петли кои сега имаат 13 бодови и се на чело на табелата, додека Португалија остана со 10 и послаб меѓусебен дуел, па нема шанса да биде лидер на крајот. Голот на Канте означи и крај на серијата од 558 минути без примен гол на Руи Патрисио за Португалија.

Кристијано Роналдо го продолжи кошмарот кога игра против Франција, затоа што ова беше шести меч за него со овој ривал и нема уште нема дадено ниту еден гол, што му е најдолг пост во кариерата без погодок против еден ривал на репрезентативно и клупско ниво.

Инаку Французите беа поконкретни во првото полувреме, Марсијал промаши три чисти шанси.

Во вториот дел најдобрата прилика за израмнување ја имаше Мутињо во 75 минута по еден удар од далечина, но Лорис со парада спречи израмнување.

Треба да знаете
Последни објави