Search

Филипче очекува ефекти од мерките и намалување на пациентите по две недели

Во наредните две недели се очекува воведените мерки да дадат ефект и бројките на новозаразени од Ковид-19 да стабилизираат.

-Очекуваме дека пред нас е период, во следните недела до две, во коијшто дефинитивно ќе ги видиме ефектите од рестриктивните мерки. Очекуваме бројот на новодијагностицирани пациенти во тој период да се стабилизира и за во тој период после тоа бројката да се намалува, изјави Филипче при посета на гостиварската болница.

Тој рече дека разговарале уште неколку пати со дел од родителите на учениците од Средното медицинско училиште, како и со директорката на училиштето, одговарајќи на новинарско прашање за реакциите во врска со најавата за вклучување на тие учениците во борбата против Ковид-19..

Една од опциите е тие да се вклучат и да се поддржи работата во одделенијата каде не се третираат ковид пациенти за поискусните медицински сестри да работат со ковид пациентите.

-Следните неколку денови ќе се донесе дефинитивна одлука која нема да биде наметната секако во договор со сите чинители, додаде Филипче по посетата на Општата болница во Гостивар, каде беше придружуван од првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

 

Треба да знаете
Последни објави