Search

Ако Костадинов верува во лагите кои ги кажа за Мицкоски, да ги каже надвор од пратеничка говорница, за да може да му се поднесе тужба

Соопштение до јавноста- реакција на обраќањето на Костадин Костадинов во Собранието на Република Македонија

Костадин Костадинов безсрамно лаже и манипулира, а при тоа ја злоупотребува пратеничката говорница, која му дава имунитет за кажаните навреди и клевети.

Доколку Костадин Костадинов верува дека е точно тоа што го зборува, го повикуваме да го каже надвор од Собраниската говорница, каде нема да го штити имунитетот за изречените лаги и клевети, и тогаш ќе биде поднесена кривична пријава против него.

Костадин Костадинов само сака да ја дефокусира јавноста за поврзаноста на СДСМ со пропаѓањето на Еуростандард банката и испумпувањето на 13 милиони евра од истата преку фирмата на Вице Заев и 29 други струмички фирми.

Костадин Костадинов ги заташкува трагите кои водат директно до неговиот шеф Зоран Заев и неговото семејство.

Треба да знаете
Последни објави