Search

Во Индија произведени 40 милиони дози од вакцината на АстраЗенека

Најголемиот светски производител на вакцини, индискиот институт Серум, денеска соопшти дека изготвил 40 милиони дози од потенцијалната вакцина за Ковид-19 на АстраЗенека.

Институтот најави дека наскоро ќе почне и со производство на потенцијалната вакцина на Новавакс.

Двете вакцини се уште чекаат на официјално одобрување од здравствените власти .

Индискиот производител соопшти дека регистрирал 1.600 учесници за последната фаза од испитувањето на вакцините на АстраЗанека и планира да побара дозвола за последната фаза од испитувањето за вакцината на Новавакс.

Вакцината на АстраЗенека, изработена во соработка со Универзитетот Оксфорд, е најнапредна во однос на тестирањата врз луѓе во Индија, додава Институтот, пренесен од британските меидуми.

Две индиски фармацевтски компании, исто така, се обидуваат да изготват вакцина  против коронавирусот.

Бројот на заразени од коронавирус во Индија достигна 8,6 милиони, а досега умреа над 128. 000 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави