Search

ЈСП ќе добие над 2 милиона евра неповратна помош, со 1,2 милиони евра ќе се реновира општинската зграда во Кичево

На последната владина седница беше донесена Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Северна Македонија за 2020 година во износ од  77.000.000 на Општина Кичево, за реконструкција на општинската зграда. За искористеноста на средствата, Општина Кичево, има обврска да достави извештај до Владата на Република Северна Македонија, во рок од 15 дена од завршување на активностите.

На седницата беше донесена и Одлука за одобрување средства од Буџетот на Северна Македонија за 2020 година, 135.000.000 денари на Град Скопје, како неповратна финансиска помош за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје.

Треба да знаете
Последни објави