Search

Смртноста од Ковид-19 аларматна: Дури 137 починати за само една недела – матичните бараат ковид-амбуланти за заразените

За само една недела дури 137 граѓани починаа од ковид-19 во болниците во земјава, а завчера беше регистриран и рекорд од 30 починати само во едно деноноќие. Медицински лица во разговор за „Слободен печат“ наведуваат различни ставови, зошто смртноста од ковид-19 во Македонија е толку висока.

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари Лидија Чолакова-Дервишова смета дека начинот на евидентирање на смртноста треба да претрпи промени, бидејќи пациенти со сериозни состојби се прикажани како да починале од ковид-19, иако со години страдале од други животозагрозувачки состојби.

– Имаме пациенти со дијабетес, инфаркти, мозочни удари, кои целиот живот имале милион компликации од овие состојби и сега се водат како починати од коронавирус. Сметам дека ова треба да се промени, бидејќи создава страв кај граѓаните. Има проблеми во системот, нема термини за препраќање на пациентите, инфективните одделенија се презафатени, не може кожен лекар или кардиолог да лекува од ковид-19. Лично бев во Фонот и им реков дека луѓето што се дома, немаме како да ги следиме. Порано кога не се чувствуваа добро, ќе дојдеа во ординација, ќе ставевме слушалка, ќе ги следевме. Сега, кога ќе го прогласат за корона-позитивен, тој мора да е дома, не може да оди да му се направи рендген, крвна слика, ограничени се тие движења, а мора да се следат пациентите. Сметам дека мора да се воведе ковид-упат за да ни овозможи нам, матичните лекари, да го следиме пациентот каква му е крвната слика, Де-димерите, лимфоцитите, леукоцитите, да знаеме како да ги лекуваме. Дваесет дена да седи дома и да не му е добро, а да не го примаат никаде, не е во ред – посочува Чолакова Дервишова.

Целата сторија погледнете ја на Слободен Печат.мк

Треба да знаете
Последни објави