Search

Нов црн рекорд: 1321 новозаболени и 26 починати од Ковид-19

Денеска се регистрирани 1321 нови случаи на Ковид 19, вкупниот број на дијагностицирани е 42540, оздравени се 433 пациенти, додека починати се 26 лица.

Министерството за здравство доцна вечерва соопшти дека во последните 24 часа од направени 3836 тестирања,  регистрирани се 1321 нови случаи на Ковид-19.

Најголем број се во Скопје 583, Куманово 100, во Дебар-12, Штип 40, Прилеп 57, Тетово 80, Струга 13, Велес 64, во Битола 50, Охрид 31, Кавадарци 23, Гостивар 46, во Гевгелија 22, Струмица 15, Крива Паланка 9, Радовиш 5, Крушево 8, Кочани 29, Пробиштип 6, Демир Хисар 10, Македонски Брод 2, Пехчево 5, Берово 3,  во Валандово 4, Виница 13, Делчево 6, Кратово 4, Свети Николе 12, во Кичево 35, Ресен 10 и во Неготино 24.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 433 оздравени пациенти и тоа од Скопје 207, 20 од Куманово,  Штип 13, Прилеп 32, Тетово 42, Велес 11, Битола 19, 6 од Кавадарци, 7 од Гостивар, Гевгелија 13, Струмица 10, Крива Паланка 3, Радовиш 6, Кочани 11, Пробиштип 4, 5 во Берово, во Виница 4, Кратово 1, Свети Николе 7, Кичево 10, еден во Ресен и еден во Неготино.

– Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80г), двајца од Штип (64 и 50г ), еден од Прилеп (66г), еден од Тетово (71г), двајца пациенти од Струга (66 и 59г), еден од Велес (68г), двајца од Битола (55 и 57г), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (73г), еден од Струмица (62г), еден пациент од Крива Паланка (57г), двајца од Радовиш (82 и 72г) и еден пациент од Делчево (71г). Сите пациенти се починати во болнички услови, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 42540,  оздравени пациенти се 25353, починале 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15975.

Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 18647, активни 7410, во Куманово 2828, активни 738, Дебар 398, активни 87, Штип 2018, активни 443, Прилеп 1909, активни 786, Тетово 2917, активни 963, Струга 971, активни 204, Велес 1273, активни 722, Битола 1147, активни 573, Охрид 1035, активни 440, Кавадарци 777, активни 357, Гостивар 1574, активни 468, Гевгелија 518, активни 209 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 92 на Богданци и 12 се странски државјани), во Струмица 1257, активни 627, Крива Паланка 307, активни 98, Радовиш 321, активни 115, во Крушево 57, активни 32, Кочани 933, активни 295. Во Пробиштип има 277, а активни 98, во Демир Хисар 127, активни 55, Македонски Брод 120, активни 18, Пехчево 69, активни 10, Берово 261, активни 71, Валандово 126, активни 39, Виница 252, активни 125, Делчево 332, активни 174 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), во Кратово 105, активни 64, во Свети Николе 573, активни 130, Кичево 817, активни 334, додека Ресен 309, активни 101 и Неготино 285, активни 189 (23 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Како што стои во соопштението, направените 3836 теста се преку: ИЈЗ-1165, ЦЈЗ Скопје-98, Авицена-436, Биотек-350, МАНУ -259, Жан Митрев (Филип Втори) -242, Систина со PCR метода -361, лабораторија Лаор –321, Судска медицина-20, ЦЈЗ Битола-118, Инфективна клиника-8, ГАК-0, Синлаб-159, Ремедика-35, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -242, УК Пулмологија со алергологија – 2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 279.770 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти, се наведува во соопштението од МЗ, додека на кислородна поддршка се 134 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и три суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор, се посочува во соопштението,  7 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во Скопје, најмногу активни случаи има во Гази Баба 1007, Аеродром 1161, по што се Карпош со 987, Центар 956 и Кисела Вода со 922. Во Чаир се 444, во Ѓорче Петров 595, Бутел 389, во Шуто Оризари 123, Студеничани 36, а Сарај 81. Во Арачиново се 20, Илинден 183, Сопиште 57, Чучер Сандево 65, Петровец 73, Зелениково 42, странци се 119, а нераспределени 150.

Треба да знаете
Последни објави