Search

Мајк Тајсон призна дека користел урина на бебето и сопругата за да помине на допинг-тест

Боксерската икона Мајк Тајсон во понеделникот призна дека во текот на неговата боксерска кариера подметнувал урина на своето бебе за да помине на допинг-тест.

Во подкастот „Хотбоксинг“ тој изјави дека користел протетески вештачки пенис наречен „визинатор“ за да ги измами анти-допинг делегатите.

Челичниот Тајсон (54) откри дека повеќе пати ги лажирал резултатите на допинг тест пред неговите мечеви.

„Беше супер, човеку; Ја ставив урината на моето бебе“, рече поранешниот светски шампион во тешка категорија додека разговараше со официјалниот претставник за допинг во УФЦ Џеф Новицки, кој му беше гостин во подкастот.

„А понекогаштоа така правев и со сопругата и таа ми велеше: “Бејб, да не се надеваш дека тестот ќе покаже бременост или нешто слично”.

Њујорчанецот рече дека направил прилагодувања затоа што „се плашел“ од казните доколку се открие неговата измама.

Тајсон не појасни кои од неговите деца или сопруги биле вклучени во неговиот трик. Тој е во брак со Лакиха Спајсер од 2009 година, а претходно беше во брак со МоникаТарнер од 1997 до 2003 година и Робин Гивенс од 1988 до 1989 година.

Челичниот Тајсон се враќа во рингот по 15 години и прво ќе ги одмери силите со поранешен американски олимпиец Рој Џоунс Џуниор. Ревијалниот спектакл е закажан за 28 ноември, под името „Лига само за легенди“.

Треба да знаете
Последни објави