Search

Влада: 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

На предлог на Министерството за правда, на дневен ред на 19-тата седница на Владата беа ставени и разгледани од министрите и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците и Предлогот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.
Со предлог-законското решение за измените во Законот за прекршоци се регулира зголемување на глобите (до 20 пати поголема од сега регулираната казна), од областа на животната средина соодветно на причинетата штета предвидени со материјалните закони.  Измените ги регулираат прекршоците кои се однесуваат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности. Усогласувањето на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоци ќе доведе до намалување на постојните прекршочни санкции, а поради потребата од регулирање на потребни стандарди со прописите од областа на животната средина, се избегнува намалувањето на висината на прекршоците од причини што е потребно заострување на казнената политика во областа на животната средина.
Треба да знаете
Последни објави