Search

Влада: Усвоени Предлог-законите за дополнување на Законот за студентскиот и ученичкиот стандард

На предлог на Министерството за образование и наука на владината седница беа разгледани и усвоени Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард, предложени да бидат донесени по скратена постапка.
Двата предлог-закони, одделно, се однесуваат на измени со кои се регулира доделувањето на средства на јавните ученички домови и на државните студентски домови за  исплата на плати на вработените во овие домови во услови на вонредни КОВИД-19 околности од страна на Министерството за образование и наука. Односно, платите на вработените во јавните ученички и студентски домови се финансираат преку партиципацијата која домовите ја добиваат по сместен студент или ученик.
Со прогласувањето на епидемијата заради вирусот КОВИД-19, голем дел од високообразовните установи и средните училишта организираа онлајн настава, заради што голем дел од студентите и учениците немаат потреба од сместување во ученичките и студентски домови и се намалија и приходите на јавните ученички и студентски домови со што се загрозува нивното секојдневно работење и можноста да се исплатат платите на вработените поради недостиг на средства.
Треба да знаете
Последни објави