Search

Њујорк Тајмс: Во Пентагон стравуваат дека Трамп може да започне воена операција против Иран

Претставници на Министерството за одбрана на САД стравуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп може да започне воена операција против Иран по вчерашното ненадејно разрешување на шефот на Пентагон Марк Еспер, јавува „Њујорк Тајмс”.

Тие велат дека е можно Трамп да го расчистува патот за отворени или прикриени операции против американските непријатели, а на врвот на листата е Иран.

Еспер му се спротивстави на американскиот лидер во однос на политиката кон Иран и нападот со беспилотни летала во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Солејмани.

Според „Њујорк Тајмс, претставници на Пентагон приватно изразиле загриженост дека претседателот може да започне операции против Иран или други непријатели во последните денови од неговото управување со земјата.

Истиот ден кога беше разрешен Еспер, новинската веб-страница „Аксиос” цитираше израелски извори, според кои САД, Израел и нивните сојузници во Заливот разговарале за планот да „додадат повеќе цигли на sидот од санкциите што ги изградиле околу Иран, потенцијално со нов сет казнени мерки”.

„Гардијан” посочува дека стратегијата на администрација на Трамп во последните месеци беше да се зголеми притисокот врз Иран со цел да се предизвика одговор од Техеран што ќе и се отежне на следната администрација да го спаси нуклеарниот договор од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави