Search

Хоти: Заедничкиот регионален пазар е многу важен чекор за Западнобалканската шесторка

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека денешното потпишување на декларациите за Акциски план за заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда на Самитот во рамките на Берлинскиот процес е многу важен чекор за Западен Балкан.

– Многу важен чекор за Западен Балкан денеска. Заедно со сите земји од Западен Балкан на Самитот во Софија, кој е продолжение на Берлинскиот процес, потпишавме декларација за Акцискиот план за заеднички регионален пазар и за Зелената агенда. Заедно сме посилни, напиша Хоти на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави