Search

Средба на претседателот на Судскиот совет со Николовски

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев денеска оствари протоколарна средба со вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, на која, како што информираат, заеднички било констатирано дека извршната власт не само декларативно туку и со конкретна поддршка видливо е заинтересирана за самостојноста и независноста на судската власт.

На средбата, како што информираат од Судскиот совет, вицепремиерот Николовски го запознал претседателот на Судскиот совет за надлежностите и обврските што ги има, а Киро Здравев ги образложил проблемите и предизвиците со кои се соочува советот.

Треба да знаете
Последни објави