Search

Меркел: Мора да се согласувате, не го заборавајте тоа

Германската канцеларка Ангела Меркел во двете јавувања на самитот за Берлинскиот процес во Софија по видеоконференциска врска го честиташе формирањето заеднички пазар и пазар на трудот на земјите од Западен Балкан и за постигнатиот договор меѓу нив за т.н. зелена агенда. 

Таа рече дека овој самит е тежок но покажале дека може да се организира и во вакви услови. Ова ќе даде импулс како за народите во регионот така и за компаниите, рече Меркел поздравувајќи ја согласноста околу зелената агенда, т.е. економија без јаглен двооксид.

Во оваа ситуација во која се наоѓаат нашите економии, сè што ќе направите преку овој процес, ќе го поткрепи здравјето и просперитетот на граѓаните. Владите постигнаа согласност за зелена агенда и се што е постигнато е за заштита на климата на шесте земји од Западниот Балкан, како и за агендата за проширување, Берлинскиот процес и неговото напредување за помирување во регионот и здравјето на Европа, рече Меркел.

Берлинскиот процес, рече канцеларката, ќе придонесе и за помирувањата од минатото, во соработката во науката, во развојот, иновацијата.

-Берлинскиот процес секогаш е поврзан со помирувањето на несогласувањата и проблемите од минатото и се надеваме дека и овојпат ќе помогне.Она што мора да го кажам е дека мора да се согласувате. Не заборавајте го тоа, затоа што е многу важно. Ве поканувам сите да дојдете во Берлин на лето, да измериме до кај сме стигнале со Берлинскиот процес, порача Меркел на крајот.

Треба да знаете
Последни објави