Search

Британската Влада поради техничка грешка ги смеша честитките за Бајден и Трамп

„Техничката грешка” доведе до тоа делови од честитката до американскиот претседател Доналд Трамп да останат видливи на официјалниот твит испратен од британскиот премиер Борис Џонсон до Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на британската Влада.

Тој рече дека Владата подготвила две различни пораки затоа што трката била многу тесна, но оти поради техничка грешка, делови од втората порака биле измешани во позадината на честитките до Бајден.

Интернет страницата Гвидо Факс (Guido Fawkes) претходно објави фотографија од твитот откако ги прилагоди контрастот и осветленоста на сликата. Покажано е името на Доналд Трамп, зборовите „втор мандат” и „во иднина” во позадина на твитот испратен како честитка до Бајден.

– Како што би сте очекувале, однапред беа подготвени две соопштенија за исходот од овие тесни избори. Поради техничка грешка, делови од втората порака беа вклучени во позадината на графиката, рече владиниот портпарол.

Треба да знаете
Последни објави