Search

Борба меѓу републиканците и Бајден околу Обамакер

Конзервативното мнозинство на Врховниот суд на САД се враќа во потенцијално опасни политички води, бидејќи републиканците, потпомогнати од администрацијата на Трамп, сакаат да го докрајчат законот за здравство Обамакер, кој веќе е изменет, коментираат светските агенции.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден ги критикуваше обидите на републиканците целосно да го укинат законот за пристап до здравствена заштита за сите граѓани во екот на пандемијата на коронавирусот и изрази надеж дека Обамакер ќе заживее кога тој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

Бајден денеска ќе одржи говор за законот за здравствена заштита достапна за сите граѓани, на денот кога за правниот акт ќе се расправа пред судиите на Врховниот суд.

Пред осум години, судот изгласа основните ставки од Обамакер да останат недопрени, но сега судот е под контрола на конзервативно мнозинство (6: 3 гласови) откако Трамп ја назначи судијката Ејми Барет.

Денешниот говор на Бајден ќе биде за важноста на здравствениот систем во екот на најголемата епидемија во последните 100 години.

Додека беше потпретседател на Барак Обама, Бајден вети дека ќе продолжи да работи на законот за здравство, со цел тој да биде достапен за сите американски граѓани.

Треба да знаете
Последни објави