Search

Пандов: Поради лошата политика на Заев, Бугарија сега од Македонија бара да се откажеме од историјата, идентитетот и јазикот

 

Вечерва во емисијата „Само вистина“ гостуваше Александар Пандов, прв човек на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Тој при своето гостување посочи дека виновник за сето ова што сега и се случува на Македонија е Зоран Заев. Заев пред да дојде на власт да не ветуваше се и сешто на Бугарите ова немаше да ни се случи.

„Во ситуација ако не прифатиме дека нашиот јазик има бугарски корени, односно дека нашите револуционери или преродбеници биле Бугари, со самото тоа произлегува дека и нашиот идентитет е бугарски, 84% од Бугари на анкета одговориле дотоколку ние Македонци тоа не го прифатиме, тогаш под итно да ни се стави вето“, истакна Пандов.

Пандов рече дека Заев на сето тоа на време не се спротистави, туку пред да состави влада има ветено на Бугарите дека се ќе исполни кога ќе дојде на власт.

„Минатата недела ВМРО-ДПМНЕ имаше барање за седница на која ќе се се дискутира за прашања од национален интерес, дури и бараше да се одржи лидерска средба, а за тоа Мицкоски беше брутално отфрлен од страна на Зоран Заев“, нагласи Пандов.

Пандов рече дека според случувањата, Македонија може единствено да влезе во ЕУ само ако кажеме дека тука живеат Бугари, а за тоа е виновен единствено Заев.

„Ние мора да имаме во предвид кој во Македонија во моментов се на браникот на македонштината. Тоа е Зоран Заев човек кој што говореше исто така и за договорот со Преспа дека нема да има никакво менување на Устав, дека поготово е за интерна употреба во македонски услови нема да биде сменет. Само да ве потсетам дека во тој договор од Преспа е меѓудругото и тоа што го бараат и Бугарите, а тоа е ние да се самооткажеме, како што се самооткажавме дека во Егегјскиот дел Македонија, Македонци и македонски народ до 1944 година до граѓанската војна не постоеле. Ние таму не се откажавме само од македонската античка историја, ние од целокупната тамошна историја која што како Македонци сме ја имале се откажавме. И тоа сега и Бугарите го бараат“, посочи Пандов.

Пандов посочи дека идејата на ВМРО-ДПМНЕ беше подадена рака на СДСМ да Македонија како држава постави црвена линија до кај може да се преговара за национални интереси.

Пандов при своето гостување во емисијата посочи дека Македонија и Македонија и граѓаните ништо не добија освен партизирано судство, руинирано здравство, и образование кое што не функционира.

„Сведоци сме, гледаме дека жена во судството која ги осуди на 300 години затвор уставобранителите, жена која што не најде вина кај Зоран Заев за „Поткуп“, жена на која што одлука и падна на Уставен суд, е таа Добрила Кацарска била најзаслужна и ќе ја правеле Уставен судија. Тоа ви покажува како партизираноста е навлезена во државата“, истакна Пандов.

Пандов рече дека од 2017 година откако Заев формира влада ништо не мрда во здравство, во образование, во правосудство, нема капитални инвестиции, нема странски инвестиции.

 

Треба да знаете
Последни објави