Search

ОМД му се заблагодари на гувернерот на Мериленд за Цитацијата до Македонско-американската бизнис заедница

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска соопшти дека му се заблагодарува на гувернерот на американската сојузна држава Мериленд, Лари Хоган за издавањето на гувернерската Цитација до Македонско-американската бизнис заедница.

– Не можеме да Ви заблагодариме доволно за оддавањето на благодарна почит и за почитувањето на многу придонеси дадени за Мериленд и Соединетите Држави од страна на нашата бизнис заедница и благодарност за многуте Македонци Американци кои поседуваат и управуваат со мали и големи бизниси ширум САД, се наведува во соопштението на ОМД.

Треба да знаете
Последни објави