Search

Маричиќ на конференција на министри за правда на СЕ: Евроинтеграциите ќе ги забрзаат реформите во судството

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска учествуваше на онлајн конференција на министрите за правда, што се одржува под покровителство на грчкото претседателство со Советот на Европа.

Во обраќањето пред своите европски колеги, министерот Маричиќ се осврна на потребата од зголемување на довербата која граѓаните ја имаат во правосудниот систем.

Тој, како што соопшти Министерството за правда, истакна дека зголемената отвореност и транспарентност на судството и обвинителството се клучните принципи на која се темели реформата и неговата мандатна мисија, чија главна цел е зголемување на довербата.

Маричиќ нагласи дека земјава останува посветени на реформскиот процес од Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални правда во блиска координација и партнерство со Брисел и Стразбур. Патот на евроинтеграцијата за нас е невообичаено долг, но, потенцира тој, посветеноста да се стане членка на ЕУ, секогаш била присутна и силна.

– Северна Македонија се согласи со новата преговарачка методологија и посилно партнерство со ЕУ и се надеваме дека историските прашања нема да бидат пречка за подобра иднина на земјата и регионот, рече министерот Маричиќ.

Како што се наведува во соопштението, покрај сите турбуленции, Северна Македонија очекува отворањето на преговорите за пристапување кон ЕУ, а тесната соработка со институциите на ЕУ да бидат дополнителен, моќен мотив за подлабоки реформи во судскиот систем.

Треба да знаете
Последни објави