Search

Расчистување на сметки во Арачиново со пукање пред полноќ

Дваесетина минути пред полноќ во Арачиново се расчистувале сметки со пукање по кое за среќа нема настрадани. Полициските службеници го расчистуваат случајот.

На 06.11.2020 околу 23.40 часот, А.Х.(43) од с.Арачиново пријавил дека во с.Арачиново, додека бил со С.Х., биле пресретнати од Ш.М. и Ф.М., со кои претходно имале вербална расправија, по што Ф.М. физички го нападнал С.Х., а заедно со Ш.М. испукале неколку проектили кон А.Х. и С.Х. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на местото на настанот, каде пронашле чаури кои биле подигнати за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави