Search

Пратеничката Моника Зајкова со покачена температура заврши на Инфективна

Уште еден од пратениците е заболен од корона вирусот – Моника Зајкова (29) од ЛДП. Телесната температура не и паѓа под 38,5 па лечењето морало да биде во болница.

Таа ја објави веста на социјалните мрежи.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од корона вирусот“.

Зајкова додава дека и нејзините родители се позитивни, но имаат послаби симптоми

„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Tелесната температура не ми спаѓа под 38,5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирана ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна“, напиша Зајкова.

Треба да знаете
Последни објави