Search

Нема платежни картички: Помошта за пензионерите и за најсиромашните директно на транскациска сметка

Четвртиот пакет на антиковид мерките предвидува да нема платежни картички, како што беше претходно, туку пензионерите кои имаат ниски пензии, како и ранливите категории на граѓани, финасиската државна помош од овој пакет ќе им биде исплаѓана директно на трансакциската сметка.

Ова денеска го соопшти минитерот за финасии, Фатмир Бесими кој истакна дека овој начин на исплаќање на помошта е во насока да се намалат турканиците на шалтерите, со што ќе се придонесе за грижата за здравјето во услови на ковидкризата.

-На овој начин ќе се поедностави начинот на испаќање на средствата од помошта, а воедно ќе се намалат и трошоците кои би биле потребни за изработка и издавање на нови картички, рече министерот Бесими на денешната прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави