Search

Македонскиот премиер Заев му го честита изборот на Бајден за претседател на САД

Во низата честитики кои почнаа да стигнуваат од светските политичари на адресата од новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден се придодаде и македонскиот премиер Зоран Заев.

-Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла – напиша Претседател на Владата на Република Северна Македонија и Претседател на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави