Search

Главни виновници за хаосот во здравството се Заев и  Филипче

СДСМ живее во минатото. Срамно е што виновници за денес илјадниците заразени уште им се Наќе Чулев  и Гордана Димитриеска Кочоска. Тоа покажува колку се очајни и отсутни во реалноста. И тогаш кога Наќе и Гордана беа министри, министер за здравство беше Венко Филипче и тогаш и сега   Оливер Спасовски беше дел од Владата. Венко Филипче и Зоран Заев се одговорни за геноцидот најголем по втората светска војна во Македонија.

Поради нивната неспособност од почеток на пандемијата до денес над 1000 лица ја изгубија битката со овој вирус.

Поради неспособноста на Заев и Филипче над 1000 семејства ги изгубија своите блиски и се завиени во црно.

За тестирање се чека неколку дена, а исто толку и за добивање на резултати. Додека пациентот добие дијагноза тој веќе е во напредна фаза и неговото здравје е загрозено. Капацитетите на болните се полни, а нив мува не ги лази за тоа.

Единствено што треба да направи Филипче е да си даде оставка и да ја спаси Македонија од нови жртви.

Треба да знаете
Последни објави