Search

(Видео)Тачи, Селими и Весели во придружба на возила од ЕУЛЕКС заминаа на аеродромот во Приштина од каде ќе летаат за Хаг

Претседателот на Косово во оставка, Хашим Тачи и лидер на Демократската партија на Косово (ДПК), Реџеп Селими и Кадри Весели придружувани од возила на ЕУЛЕКС, заминале кон аеродромот во Приштина од каде со воен авион ќе летаат за Хаг каде е покренато обвинение пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК.

Тачи е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото.Тој ги повика граѓаните на Косово денеска „повеќе од кога било, да не губат надеж, трпеливост и верба“.-Ве повикувам да размислите колку многу стекнавме како нација во овие три децении. Обвинението против него и неговите пријатели е мала цена „што треба да ја платиме за слободата на нашата земја.Горд сум што се боревме со меѓународната заедница и сојузниците против геноцидот, против Милошевиќ и се боревме за нашата слобода, изјавил Тачи.

Специјалниот суд го потврди и обвинението против претседателот на ДПК, Кадри Весели.

Весели изјави дека вчера бил информиран за потврдата на обвинението и дека ги презел неопходните мерки за доброволно патување во Хаг, со цел да одговори на обвинувањата.

Канцеларијата на специјализираниот обвинител претходно соопшти дека испрати обвинение од десет точки до Специјалните комори на Косово, со седиште во Хаг, на разгледување на 24 април, во кое Тачи, Весели и други беа обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства.

„Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени се кривично одговорни за приближно 100 убиства. Злосторствата вклучуваат стотици идентификувани жртви на Албанци, Срби и Роми и политички противници”, се вели во обвинението.

Треба да знаете
Последни објави