Search

СЗО загрижена од „експлозијата” на коронавирус во Европа, но инсистира училиштата да останат отворени

Европа не смее да попушти во борбата против пандемијата иако се соочува со „експлозија” на бројот на заразени со коронавирус, предупреди денеска директорот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуж .

-Државите се повикани да воведат насочени и пропорционални мерки во борбата против зголемувањето на бројот на заразени и мртви, изјави Ханс Клуге во интервју за АФП.

СЗО смета дека училиштата мора до крај да останат отворени и дека нивното затворање е „последното средство”.

Во Европа до денеска се починати 293.703 лица, а заразени се 11.609.870. Голем број земји воведоа мерки за изолација и полициски час во борбата против пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави