Search

Петиција против Мердок потпишана од половина милион граѓани

Онлајн петицијата, која пред три недели ја покрена поранешниот австралиски премиер Кевин Рад, а која повикува на испитување на медиумската доминација на Руперт Мердок, ја потпишаа повеќе од 500.000 Австралијанци.

Потпишувањето на петицијата заврши вчера. „Њуз Корп Аустралиа” (News Corp Australia) контролира 70 отсто од локалните весници.

Мердок не ја коментирал петицијата, ниту кој било друг од компанијата.

Кевин Рад беше на премиерска функција од 2007 до 2010 година, а потоа и во 2013 година. Тој често го критикуваше Мердок и неговите весници, кои се залагале против неговиот реизбор.

Критиките упатени кон весниците на „Њуз Корп Аустралиа” се однесуваат на намалувањето на улогата на климатските промени при известувањето за пожарите минатото лето, како и неточните информации во врска со ширењето на коронавирусот и за влијанието на карантинот во Австралија. Компанијата застана во одбрана на своето информирање врз основа на обвинување за политичка пристрасност, расизам и скептицизам кон климатските промени.

Весниците кои се под контрола на „Њуз Корп Аустралиа” се меѓу најпродаваните во Австралија.

Треба да знаете
Последни објави