Search

Деркоски: Сѐ е законски и транспарентно, нека ѝ е со среќа на државава со вакви постапки

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски кој е осомничен во новата истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во изјава за „Фокус“ вели дека постапката за набавка на софтверот што се користеше на последните избори кога „падна“ системот на којшто се гледаа гласовите,  била спроведена на најтранспарентен начин.

-Постапката за набавката на софтверот беше спроведена на најтранспарентен начин, прв пат беше објавен тендер, се беше јавно и транспарентно. Со ова излегува дека изгледа сме згрешиле што сме објавиле тендер. Нека ѝ е среќа на државава со вакви постапки, вели Деркоски.

Треба да знаете
Последни објави