Рекордни 2.412 новозаразени од коронавирусот во Србија

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.617 лица за коронавирус, од нив 2.412 биле позитивни, додека починале 6 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 53 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ целата земја.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, предупреди дека ќе има над 2.000 заболени лица, додавајќи дека само во Белград ќе има над 1.000 новозаразени.

Треба да знаете
Последни објави