Search

Полицаец шутиран на земја, едно лице рането во масовна тепачка во Косово (ВИДЕО)

Во Косово Поле се случил напад врз полицијата, а во инцидентот биле повредени двајца полициски службеници, пренесува порталот „Љајми“.

На објавеното видео се гледа како двајца граѓани пукаат клоцаат и шутираат полицаец.

„Денес, околу 14 часот, полицијата доби информација за напад врз полицајците на улицата Пешка во Косово Поле. Сите потребни полициски единици излегоа на местото на настанот. Врз основа на првичните податоци, едно лице се здобило со телесни повреди од огнено оружје, додека во физички судир, пет лица биле повредени, од кои двајца полицајци“, се вели во соопштението на полицијата, додавајќи дека сите се испратени на лекување.

Се нагласува дека истражителите ги одвеле двајцата осомничени во полициската станица и во координација со косовскиот полициски инспекторат започнале истрага со цел да се разјаснат сите околности во врска со случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави