Search

Ди Марија трагичар, Лајпциг по пресврт го „реши“ ПСЖ

Фудбалерите на РБ Лајпциг го зададоа првиот удар во „двомечот“ со ПСЖ во Лигата на шампионите, откако вечерва на свој терен преку пресврт славеа голема победа до 2-1. Францускиот шампион иако многу ослабен, пред сè во нападот (отсутни Мбапе, Нејмар и Икарди), може да жали што барем со бод не го напушти гостувањето во Германија, затоа што не само што имаше водство од 0-1, туку стрелецот на голот, Анхел Ди Марија неколку минути подоцна, не реализира удар од белата точка.

Германскиот тим тоа го казни на соодветен начин, откако пред крајот на првиот дел Нканку израмни на 1-1, додека на самиот старт на вториот дел Форсберг од пенал ги постави конечните 2-1.

Со оваа победа бундеслигашот се израмни со Јунајтед на челната позиција на табелата, додека ПСЖ падна на третото место со три бода, исто колку и Башакшехир, кој денес го изненади Јунајтед и го совлада со 2-1.

Во следното коло ПСЖ на свој терен ќе има шанса да му се одмазди на Лајпциг и да ги сочува шансите за пласман во осминафиналето во европската елита.

Треба да знаете
Последни објави