(Видео) Пожарникари ваделе фудбалери на ПСЖ заглавени во лифт

Фудбалери на францускиот првак ПСЖ имаа непријатна увертира пред вечерашниот натпревар против Лајпциг во Лигата на шампионите.Тие се заглавиле во лифт во хотелот во германскиот град каде останеле 50-тина минути. Биле извлечени од лифтот со помош на пожарникари, кои успеале да ја отворат вратат и безбедно да извлечат фудбалерите.

Во лифтот се заглавиле Преснел Кимбемпе, Леандро Паредес, Анхел ди Марија, Маркињос, Фадига, АНбу Диало, Моизе Кен, Идриса Геј, Колин Дагба и Кејз Руиз-Атил.

Нивната непријатност ја забележал нивни соиграч Левин Курзава кој видеото го објавил на Истанграм.

Треба да знаете
Последни објави