Search

Бајден победи и во Мичиген и освои уште 16 електорски гласа

Кандидатот на Демократската партија на американските претседателски избори, Џо Бајден, со неочекуван пресврт во последните неколку часа од пребројувањето на гласовите, извојува победа и во сојузната држава Мичиген, јави Си-Ен-ЕН.

Со оваа победа, втора вечерва по Висконсин,  Бајден освои уште 16 електорски гласови со што дојде до бројката од вкупно 253, со што до потребните 270 електорски гласови го делат уште 17 гласа.

Аналитичарите на Си-Ен-Ен вечерва јавија дека со очекуваните победи  во Невада (шест електорски гласа) и во Аризона ( 11 електорски гласа) Бајден ќе стигне до магичната бројка од 270 гласа потребни за влез во Белата куќа.

Актуелниот претседател и републикански кандидат на овие избори, Доналд Трамп, вечерва соопшти дека побарал судот да наложи прекинување на преборјувањето на гласовите во сојузните држави Мичиген и Пенсилванија.

Треба да знаете
Последни објави