Масакр во Етиопија – убиени 54 луѓе, меѓу кои жени и деца

Најмалку 54 луѓе, вклучително и деца, се убиени во дворот на училиште во етнички мотивиран терористички напад во западна Етиопија, соопшти „Амнести интернешнл“.

Етиописката влада ја обвини бунтовничката група т.н. ослободителна армија на Оромо за нападот, пренесува АП.

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, го осуди убиството на луѓе врз основа на идентитетот додавајќи дека безбедносните сили биле распоредени во областа и почнале да преземаат мерки.

Етничкото насилство во Етиопија претставува најголем предизвик досега за премиерот, кој беше носител на Нобеловата награда за мир минатата година за неговите огромни политички реформи.

„Непријателите на Етиопија ветуваат дека ќе управуваат со земјата или ќе ја уништат и прават сè што можат за да го постигнат тоа. Една од нивните тактики е вооружување цивили и извршување варварски напади врз основа на идентитет. (За мене) ова е срцепарателно“, напиша Абиј на „Фејсбук“.

Треба да знаете
Последни објави