Богојески го повика Каракачанов: Ајде на дуел па да видиме кој краде историја

Промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески преку статус на својот официјален Фејсбук профил го повика министерот за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов на дуел, како одговор на последната изјава на Каракачанов.

“Господин Каракачанов, Вашата Бугарија е како крава која дава, дава млеко и на крај ќе го клоцне! Така сега правите со ова Вашево смешно вето! Џабе први признавте независност, џабе први ретификувавте НАТО договор, џабе дадовте тенкови, џабе помогнавте со грчката блокада… се џабе, кога на крај, се ќе клоцнете со едно вето. Јас и Вие сме историчари, по дел од нашето образование. Ајде на дуел? Јавно,” стои во објавата на Богојески.

Тој додава дека преку овој дуел јавноста сама ќе процени кој краде историја, како и кој јазик е постар, македонскиот или бугарскиот.

“Ајде еднаш за секогаш да се расчистиме, за раат да бидат младите Македонци и Бугари и од мене и од тебе?!? Ве молам немој на нас со приказната “коминетрна”, зашто Вие цел живот и служите на Коминтерната и работите за болшевизмот,  заклучува Богојески.

Треба да знаете
Последни објави