Битиќи: По ребалансот ќе има и нови мерки, никој нема да биде занемарен

„Ребалансот на буџетот ги тишти сите граѓани, сите се погодени од пандемијата, но и од економската криза. Малку подолго се развлече процесот со ребалансот, но мислам дека утре ќе заврши тоа и за неколку дена ќе ги спроведеме мерките. Некои од мерките не се поврзан и со законските решенија затоа што одат преку програми на министерствата или владата. Ние скеојдневно се координираме со сите министерства за сето она што е потребно, од менување програми за да се спроведат мерките, до подготвување на законски решенија и навистина оваа недела очекувам не само ребалансот, туку ќе поминат и законските решенија. Онаму каде што некои сметаат дека може да се унапредат решенијата може да поднесат амандмани со цел побрзо да стигнеме со мерките до граѓаните“. -изјави вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, во интервјуто на телевизија Стар.

Тој потврди дека парите за четвртиот пакет мерки се обезбедени, а недостатокот, по ребалансот на буџетот, во износ од 100 милиони денари, ќе се обезбеди со домашно задолжување.

„Извесно е дека штом помине ребалансот на буџетот ќе се задолжиме кај домашните банки, дел од парите се од еврообрзницата, а има и од другите задолжувања што се случија годинава. Некои кругови ако сакаат да покажат дека тоа што се задолжувавме во мај, јуни и јули, дека го нема, не е вистина, затоа што е дел е предвиден во овој ребаланс. Паметно размислуваме, непродуктивните трошоци да ги намалиме, да внимаваме само на продуктивните и да ги ставиме во полза на граѓаните. Не е вистина дека некој е занемарен од мерките. Чекаме да помине ребалансот ќе излеземе и со нови мерки. Сега ќе зборуваме дали нови компании треба да се вклучат во мерките.“- објасни Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави